Состанок на претставници на Академијата со г. Иван Калабуиг Вилиамс, проектен менаџер на Проектот за јакнење на напорите за враќање на имотот при Мисијата на ОБСЕ

DSC_0523

Држаниот советник на Академијата, м-р Сања Пандилов и јавниот обвинители Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, која воедно е и предавач на Академијата, на 12 јуни 20224 година, во просториите на Академијата одржа работен состанок со г. Иван Калабуиг Вилиамс, проектен менаџер на Проектот за јакнење на напорите за враќање на имотот и Беса Имери Исмаили, виш проектен асистент.

Повод за состанокот беше вонбуџетскиот проект на ОБСЕ за борба против транснационалниот организирн криминал и корупција преку таргетирање на нелегалниот профит на криминалците кој се надоврзува на резултатите од претходниот вонбуџетски проект со наслов „Зајакнување на борбата против транснационалниот организиран криминал во Југоисточна Европа“.

Проектот чија реализација е предвидена во период од 2022 до 2025 година, го спроведува Одделот за транснационални закани на ОБСЕ и Канцеларијата на координаторот за екнономски и еколошки активности на ОБСЕ, и истиот е финансиски поддржан од Австрија, Германија, Италија и САД.

Целта на Проектот е да ги поддржи Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија во нивните напори за враќање на имотот. Овој проект го проширува својот опсег вклучувајќи ги и Молдавија и Украина.

Проектот се осврнува на недостатоците и потребите на вклучените земји учеснички во идентификација, следење, заплена и конфискација на имотот; управување со имотот и повторна употреба на имотот.

Примарни корисници на проектот се практичарите од областа на спроведувањето на законите и правосудството како што се припадници на релевантни полициски оддели, судии и обвинители.

Имајќи предвид дека Академијата за судии и јавни обвинители е единствената институција во државата која обезбедува професионална обука за правосудството, а еден од очекуваните резулитати од проектот е зголемување на капацитетите токму на практичарите за систематско идентификување на имотот стекнат по пат на криминал и примена на мерките за заплена и конфикасција на имот, целта на состанокот беше да се дефинираат заедничките активности кои Академијата и Мисијата на ОБСЕ ќе ги резлираат во заедничка соработка.

Од страна на државниот советник, м-р Пандилов и јавната обвинителка Катерина Коларевиќ беа презентирани резултатите од досегашните соработка на темата конфискација, на претставниците на Мисијата на ОБСЕ има беше предочена законодавната рамка, а воедно беа разгледани и недостатоците кои се јавуваат во праксата.

Во насока на создавање на реална перцепција за состојбиге во однос на конфискацијат и повратот на имотот во нашата држава, државниот совентик на Академијата, истакна дека нашата држава прави напори и посветува внимание на темата, додека Академијата во рамките на својата улога обезбедува професинална едукација преку ореганизирање семинари, учество во проектни активности, учество во издавање на публикации, се со цел да ги доближи најдобрите практики и европски решенија до националните судии и јавните обвинители.

„Како институција задолжена за професионална обука во правосудството, но и како единствената институција која е задолжена за селекција и едукација на идните судии и јавни обвинители, силно веруваме дека преку нашата инволвираност во меѓународни проектни активности даваме позитивен придонес и одговори на многу дилеми и прашања со кои се соочуваат националните правни практичари во извршувањето на својата секојдневена работа.“ истакна м-р Пандилов.

На состанокот беа разгледани можностите и проектните активности во кои заедно ќе делуваат Академијата и Мисијата на ОБСЕ со цел успешна реализација на проектот.

Претставниците на Мисијата на ОБСЕ ја изразија својата силна поддршка за работата на Академијата и потврдија дека и во иднина, како нејзин партнер, ќе реализираат заеднички активности кои се од суштинска потреба за унапредување на правосудството во Република Северна Македонија.

Следниот состанок на Академијата и преставниците на Проектот при Мисијата на ОБСЕ е предвиден да се одржи во месец јули 2024 година кога подетално ќе се прецизираат активностите и начинот на нивната реалзиција.