Соопштение

asjo_news_featured

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во IX генерација слушатели на почетна обука,

Ве известуваме дека на ден 12.7.2024 година беше одржана 215та седница на Управниот одбор на Академијата, на која меѓудругото предмет на разгледување беа доставени Извадоци од Нацрт записници од првата и третата седница на Владата на Република Северна Македонија (број 41-5581/1 од 28.6.2024 година и број 41-5821/1 од 5.7.2024 година) со кои се задолжени работодавачите од јавниот сектор да ги запрат постапките за вработување кои не завршиле до крајот на 2023 година и се продолжени во 2024 година бидејќи издадените финансиски согласности се спротивни и неусогласени со одредбите на Законот за буџетите.

На седницата Управниот одбор ги разгледа доставените дописи од Владата на РСМ и одлучи Академијата за судии и јавни обвинители да се обрати до Владата на Република Северна Македонија и Министерството за финансии на Република Северна Македонија со цел добивање на мислење во однос на продолжување со полагање на испитите од тековната приемна постапка за IX генерација слушатели на почетна обука и запирање на постапката за склучување на договори за вработување или евенуално запирање на целокупната постапка.

Ова Барање денес, 16.7.2024 година беше доставено до Владата на Република Северна Македонија и Министерството за финансии на Република Северна Македонија. По добивањето на одговор, Управниот одбор на Академијата ќе одржи седница и за истото ќе бидете известени. За таа цел, Ве молиме редовно следете ја веб страната на Академијата.