
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира советување на тема „Oдговорност за нематријална штета ( одговорност за повреда на личните права) – доказни средства според ЗПП “, ќе се одржи на 16 ноември 2022 година, со физичко присуство во просториите на Апелационен суд Скопје, со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-ѓа Лидија Димова, судија на Основен суд Велес и г-ѓа Лидија Димчевска , претседател на Апелационен суд Скопје.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е маил адреса: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569 .
Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.
Работни материјали: