
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година, организира советување на тема „ Oбјектива одговорност за штета причинета на/од трети лица“ кое ќе се одржи на 12 април (впеток) 2024 година oд 10:00h, со физичко присуство, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, Ламела 3.
Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Јехона Садику, судија на Основен граѓански суд Скопје и г-а Злата Попова, судија на Основен суд Гевгелија.
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.