
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Јавни набавки (Новини во електронскиот систем, дигитални сертификати и алатки, електронски пазар на набавки од мала вредност и прекршочни одредби)“, кое ќе се одржи на 11 јули 2024 година (четврток), во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судски и јавнообвинителски службеници кои постапуваат по јавни набавки.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Александра Петревска, г-а Николинка Јантинска и г-н Георгиј Чурилов од Бирото за јавни набавки.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.
Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.
Работните материјали кои ќе се користата во рамки на обуката можете да ги преземете тука.