
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Тонско снимање и електронска достава“, кое е предвидено да се одржи на 12 октомври 2023 година (четврток), во просториите на Аакадемијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судски службеници-дактилографи и службеници во писарница кои работат со судија од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Љубица Колиќ, судија во Основен граѓански суд Скопје и г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес.
За дополнителни информации во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.