СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Техники на пишување пресуди и обвиненија“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: Техники на пишување пресуди и обвиненија“, кое ќе се одржи на 12 јули 2023 година (среда), во просториите на Аакадемијата-Ламела 3, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за стручни судски и јавнообвинителски соработници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Антоанета Димовска, судија во Основен граѓански суд Скопје, г-а Габриела Гајдова, судија во Основен суд Велес и г-а Наташа Гоџоска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за реализација на советувањето на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.