
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година, организира советување на тема „Судска заштита во постапки за утврдување на мобинг“ кое ќе се одржи на 9 јули (вторник) 2024 година oд 10:00h, со физичко присуство, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители.
Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Маја Ристова, адвокат и г-ѓа Бојана Велковска, судија на Основен граѓански суд Скопје.
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работни материјали: