СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Слобода на изразување и право на приватен живот, баланс помеѓу правото на слобода на изразување – член 10 од ЕКЧП и право на приватен живот -Член 8 од ЕКЧП“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: Слобода на изразување и право на приватен живот, баланс помеѓу правото на слобода на изразување – член 10 од ЕКЧП и право на приватен живот -Член 8 од ЕКЧП“, кое ќе се одржи на 22 октомври (вторник) 2024 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии и судски соработници од граѓанските оддели од сите  апелациони  подрачје.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Маја Маркова и м-р Александар Шопов, судии  на Апелационен суд Скопје.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.