
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Примена на судскиот деловник“, кое ќе се одржи на 25 јуни 2024 година (вторник), во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судски службеници од сите судови во Република Северна Македонија.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес и г-н Сашо Темелкоски, судски администратор во Основен суд Прилеп.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.
Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.
Работните материјали: