
Согласно Каталогот за континуирана едукација за 2023 година Академијата за судии и јавни обвинителии организира советување на тема: „Примена на одредбите од Законот за меѓународно приватно право во граѓански спорови со странски елемент“, кое ќе се одржи на 30 мај 2023 година во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја и истото ќе го спроведат: г-а Лидија Димова, судија на Основен суд Велес и г-а Ана Дангова Хуг, адвокат.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е маил адреса: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работни материјали