Советување на тема: „Примена на Законот за судска и јавнообвинителска служба“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: Примена на Законот за судска и јавнообвинителска служба“, кое ќе се одржи на 16 септември 2024 година (понеделник) во просториите на Академијата – Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судски и јавнообвинителски службеници од сите судови и јавни обвинителства во Република Северна Македонија.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Борче Мирчески, судски администратор во Основен суд Охрид и м-р Маја Петрова, јавнообвинителски советник-портпарол од Основно јавно обвинителство за гонење на органзиран криминал и корупција.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користата во рамки на советувањето можете да ги преземете тука.