СОВЕТУВАЊЕ на тема „Примена на Законот за бесплатна правна помош наспроти примената на актуелниот Закон за судските такси во однос на трошоците на постапката од секундарна правна помош“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година организира советување на тема „Примена на Законот за бесплатна правна помош наспроти примената на актуелниот Закон за судските такси во однос на трошоците на постапката од секундарна правна помош“ , кое ќе се одржи на 26 април (среда) 2023 година, со физичко присуство, во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.

 Советувањето е наменето за судии, јавни обвинители  и стручни соработници од апелационо подрачје Скопје.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Сузана Милевска, претседател на Основен суд Кочани и г-а Маја Маркова, судија на Апелационен суд Скопје

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адресата: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569 .

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1

2.Презентација 2