
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Примена на АКМИС системот“, кое ќе се одржи на 26 септември 2024 година (четврток) во просториите на Апелационен суд Штип, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судските службеници од апелационо подрачје Штип.
Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Борче Мирчески, судски администратор во Основен суд Охрид и г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работните материјали кои ќе се користата во рамки на советувањето можете да ги преземете тука.