
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Правен режим на бесправни објекти“ , кое ќе се одржи на 29 октомври (вторник) 2024 година во просториите на Академија, со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели од апелационо подрачје Гостивар.
Предавачи на советувањето ќе бидат: г-а Лидија Димова, судија во пензија од Основен суд Велес и проф. д-р Тина Пржеска, вонреден професор на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.
Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работни материјали: