СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Постапување по предмети од судска управа“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година организира советување на тема: Постапување по предмети од судска управа“, кое ќе се одржи на 30 мај 2023 година (вторник), во просториите на Академијата – Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за техничките секретари на претседателите на судовите.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес и г-а Лидија Таневска Јадровска, самостоен судски советник-шеф на кабинет во Врховен суд на РСМ.

 За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.