
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година, организира советување на тема: „Постапување по завршени предмети (архивирање и чување на предмети во судските архиви, издвојување на документарниот материјал со рокови на чување, попис на материјал од трајна вредност и предавање на Државен архив)“, кое ќе се одржи на на 13 мај 2024 година (понеделник), во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судски службеници-архивари и службеници кои постапуваат по завршени предмети..
Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес и г-н Цветанчо Тодоровски, инспектор за архивски материјал во Државниот архив на РСМ.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.
Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.