СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Постапка по Закон за правда на децата“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година, организира советување на тема: „Постапка по Закон за правда на децата“, кое ќе се одржи на 06 јуни 2024 година (среда), во просториите на Академијата-Ламела 3, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од кривичните оддели од сите судови и јавни обвинители и јавнообвинителски службеници од обвинителствата од сите обвинителства во Република Северна Македонија.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Татјана Петровска, претседател на Основен суд Битола и м-р Наташа Гоџоска, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користата во рамки на обуката можете да ги преземете тука.