Советување на тема „Ништовност и рушливост на договори“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со  Меѓународната финансиска корпорација, групација на Светска банка, во рамки на проектот ,,Проект за решавање на долговите и деловен излез“,  согласно Каталогот на обуки за 2022 година,  организира  советување на тема „Ништовност и рушливост на договори“ кое  ќе се одржи на 23 декември (петок) 2022 година, со физичко присуство во просториите на Апелационен суд Скопје.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Кети Германова, судија на Основен граѓански суд Скопје  и г-а Софија Миленкова судија на Основен граѓански суд Скопје

За дополнителни информации во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1

2.Презентација 2