
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година, организира советување на тема „ Побивање на правни дејствија на стечаен должник/ Разликите помеѓу стечајната постапка и ликвидација” кое ќе се одржи на 28 октомври (понеделник) 2024 година со почеток од 10:00 часот, со физичко присуство, во просториите на Академијата.Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од трговски оддели од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-ѓа Наташа Савовска Димитровска, судија на Апелационен суд Скопје и г-а Татјана Сусулеска, судија на Апелационен суд Битола.
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.