СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Медијацијата во граѓанското и кривичното право“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Медијацијата во граѓанското и кривичното право“, кое ќе се одржи на 25 октомври 2024 година (петок) во просториите на Академијата – Ламела 3, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии од кривични и граѓански оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Маргарита Стефкова Николовска, медијатор од Комора на медијатори и м-р Борче Мирчески, медијатор и судски администратор во Основен суд Охрид.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.

Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користат во рамки на советувањето можете да ги преземете тука.