
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година, организира советување на тема „Kриминал од омраза“ кое ќе се одржи на 15 ноември (среда) 2023 година oд 10:00h, со физичко присуство, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители,.
Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Александар Марковски, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје и г-а Спасенка Андонова, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.