
Академијата за судии и јавни обвинители согласно Каталогот за континурана едукација за 2023 година организира советување на тема:„Кривични дела на тортура, мачење и нечовечко или понижувачко однесување на полициски службеници или припадници на затворска полиција со посебен осврт на полиција“, кое ќе се одржи на 13 јуни 2023 година во просториите на Академија за судии и јавни обвинители со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за јавни обвинители, судии и стручни соработници од кривични одели од сите апелациони подрачја, а истото ќе го спроведат г-а Габриела Гајдова, судија на Основен суд Велес, Ружица Николовска, адвокат и г. Јован Цветановски, јавен обвинител на основно јавно обвинителство Скопје.
За дополнтелни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е маил адреса: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работни материјали: