
едукација за 2024 година организира советување на тема:„Испитување на загрозен сведок, негова заштита во претходна постапка и на главна расправа, права на одбрана при нивно испитување и испитување на посебно ранливи жртви и сведоци“, кое ќе се одржи на 13 септември (петок) 2024 година во просториите на Академија за судии и јавни обвинители –Ламела III со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од кривичните оддели на судовите и јавни обвинители и јавнообвинителски службеници од обвинителствата од сите апелациони подрачја, а истото ќе го реализираат, м-р Наташа Гоџоска, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје и м-р Ѓорѓи Андонов, судија на Апелационен суд Штип.
За дополнтелни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е маил адреса:
Gordana. Lazarevska@jpacademy.gov.mk
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.