СОВЕТУВАЊЕ на тема „Изземање на судиите според ЗПП и ЗКП и правните становишта на ЕСЧП во примената на членот 6 од ЕКЧП – актуелни прашања и дилеми“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители согласно Каталогот за континурана едукација за 2023 година организира советување на тема: Изземање на судиите според ЗПП и ЗКП и правните становишта на ЕСЧП во примената на членот 6 од ЕКЧП – актуелни прашања и дилеми“ кое ќе се одржи на 18 јуни (вторник)  2024 година во просториите на Академија за судии и јавни обвинители –Ламела IIIсо почеток во 10:00 часот.

Советувањето е наменето за  судии од граѓански и кривични  оддели од сите  апелациони подрачја, а истото ќе го реализираат,  г-а  Тања Милева,  судија на Апелационен  суд Скопје и г-а Лидија Димчевска, судија на Апелационен суд Скопје, во пензија.  

За дополнтелни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е маил адреса:

Gordana. Lazarevska@jpacademy.gov.mk

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.