СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Етички правила и спречување корупција и судир на интереси во судовите и јавните обвинителства“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: Етички правила и спречување корупција и судир на интереси во судовите и јавните обвинителства“, кое ќе се одржи на 13 декември 2023 година (среда), во просториите на Аакадемијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Габриела Гајдова, судија во Основен суд Велес и г-н Јован Цветановски, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.