Советување на тема „Достава на судските писмена со особен осврт на достава во странство”

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година,  организира  советување на тема „Достава на судските писмена со особен осврт на достава во странство“ кое ќе се одржи на  12 јули (петок)  2024 година oд 10:00h, со физичко присуство, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители.

            Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

            Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Катерина Георгиевска, судија на ВСРСМ и г-а Лидија Мартинова, судија на ВСРСМ во пензија .

            За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

            Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1