СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Дискриминација и мобинг на работно место“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: Дискриминација и мобинг на работно место“, кое ќе се одржи на 03 јули 2023 година (понеделник), во просториите на Аакадемијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судските и јавнообвинителските службеници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Лидија Таневска Јадровска, самостоен судски советник, шеф на кабинет во Врховен суд на РСМ и г-а Ленче Коцевска, државен советник во Министерство за труд и социјална политика и поранешен член во Комисија за заштита од дискриминација.

За дополнителни инфромации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата, задолжено за организацијата на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвивa советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1

2.Презентација 2