
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година, организира советување на тема Директивите за заштита на потрошувачите во ЕУ кои се транспонирани во Законот за заштита на потрошувачите на РС Македонија ,одлуки од Европскиот суд на правдата поврзани со спроведување на овие директиви” кое ќе се одржи на 21 октомври (понеделник) 2024 година со почеток од 10:00 часот, со физичко присуство, во просториите на Академијата.
Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански и кривични оддели од сите апелациони подрачја.
Предавач на советувањето ќе биде Д-р Маријана Лончар Велкова, Претседател на Организација на потрошувачите на Македонија
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.