
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Граѓнско-правна одговорност на адвокати, нотари и извршители“, кое ќе се одржи на 25 септември 2024 година (среда), во просториите на Апелационен суд Штип, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии и судски соработници од граѓанските оддели од сите апелациуони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Катерина Георгиевска, судија на Врховен суд на РСМ и м-р Александар Шопов, судија на Апелационен суд Скопје.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работните материјали: