
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година, организира советување на тема „Граѓанска одговорност за штета причинета од лекарска грешка” кое ќе се одржи на 03 октомври (четврток) 2024 година oд 10:00h, со физичко присуство, во просториите на Академијата.
Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат: д-р Александар Станкова, специјалист по судска медицина и м-р Кети Германова, судија на Основен граѓански суд Скопје
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.