СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Воедначување на формата на куцана пресуда / обвинителен акт (правописно изразување, техничко уредување на текст и слично)-Усовршување на слепо куцање“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Воедначување на формата на куцана пресуда / обвинителен акт (правописно изразување, техничко уредување на текст и слично)-Усовршување на слепо куцање“, кое ќе се одржи на 30 октомври  (среда)  2024 година во просториите на Академија, со почеток во 10:00 часот.

Советувањето е наменето за дактилографи од сите судови и јавни обвинителства во Република Северна Македонија.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес и м-р Маја Петрова, јавнообвинителски советник-портпарол во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.

Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користат во рамки на советувањето можете да ги преземете тука.