СОВЕТУВАЊЕ на тема „ Безбедност во сообраќајот, прекршочна и кривична одговорност “

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители согласно Каталогот за континурана едукација за 2023 година организира советување на тема: Безбедност во сообраќајот, прекршочна и кривична одговорност“, кое ќе се одржи на 28 ноември  (вторник)  2023 година во просториите на Академија за судии и јавни обвинители –Ламела 3 со почеток во 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии од прекршочни и кривични оддели од сите апелациони подрачја, а истото ќе го спроведат    г-а Тања Милева, судија на Апелационен суд Скопје и г-а Цветанка Богоевска, јавен обвинител на  ОЈО Велес.

За дополнтелни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е маил адреса:

Gordana. Lazarevska@jpacademy.gov.mk

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.