Слушателот на осмата генерација од почетната обука на Академијата, Бурханедин Нухију ја претставуваше Академијата во рамки на студиската посета на Правосудната академијата на Турција

IMG-688a66d44ed7bc3a12b04629cd0535a4-V

Во рамки на успешно воспоставената соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Правосудната академија на Република Турција со седиште во Анкара, во период од 21 септември до 29 септември 2024 година, слушателот од осмата генерација на почетната обука на Академијата, Бурханедин Нухију имаше можност да биде дел од студиската посета на која учествуваа кандидати за судии и јавни обвинители од земјите од Балканот.

Студиската посета како што посочи во својот извештај доставен до Академијата му овозможила на слушателот да се стекне со солидни познавања за правосудниот систем на Република Турција, законите кои се применуваат во кривичната постапка, граѓанската постапка, како и во управната постапка, а воедно, имал можност да ја презентира пред присутните Академијата за судии и јавни обвинители.

На предвањата кои биле составен дел од студиската посета, неговите колеги од Република Туција но и од другите земји покажале голем интерес за правосудниот систем на нашата земја, но уште повеќе за функционирањето на Академијата за судии и јавни обвинители.

Почетокот на студиската посета го одбележала средбата со претседателот, судија Мухитин Оздемир и претставниците на Управата за Турците во странство и сродните заедници, пришто бил потпишан и протокол за соработка и размена на искуства помеѓу наведените институции. Со оглед дека токму правосудната академија на Турција е домаќин и организатор на оваа студиска посета, присутните имале можност да присуствуваат и на предавање на тема: „Културата на турското правосудство“ кое го одржал претседателот на правосудната академија на Турција, судијата Мухитин Оздемир, а потоа и да се запознаат одблиску со работата и начинот на нејзинито функционирање, посебно, во доменот на реализацијата на програмата за почетна обука.

На 26 септември 2024 година во рамки на студиската посета била организирана посета на Управата на Турците во странство и сродните заедници, додека на 27 септември 2024 била остварена посета на судот и обвинителството во западниот дел на Анкара. Станува збор за суд кој опслужува 2 милиона граѓани, кој е модерно опремен, кој нуди можности за спроведување на судења на далечина со онлајн вклучувања, сослушување на деца и т.н. Во истата зграда е сместено и обвинителството, па присутните имале можност да споделат искуства, но и да научаат повеќе за функционирањето и начинот на кој се менаџираат овој суд и ова обвинителство.

На 27 септември пристутните биле пречекани од страна на заменикот генерален секретар на Врховниот суд во просториите на Врховниот суд, по што како завршен дел од студиската посета следела средба со заменик генералниот секретар на Уставниот суд на Република Турција.

 

Галерија на слики-студиска посета правосудна академијата на Репбулика Турција 26-29 септември 2024 година.