
Како дел од соработката помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Академијата за Европско право (ERA), а во рамки на ERA: CASB Проектот, во период од 2 до 4 декември 2024 година ќе се одржи семинар за правен англиски/ ЕУ граѓанско право. Семинарот ќе фокусира на Европските прекугранични граѓански постапки.
Семинарот е бесплатен и на истиот можат да се пријават стручни соработници кои имаат познавање од работен англиски јазик.
Бројот на слободни места по држави е ограничен, поточно, за Република Северна Македонија одобрени се 4 места, па од тие причини ќе бидат примени првите пријави кои ќе пристигнат до Академијата, се до пополнување на предвидениот број на учесници.
Пријавувањето ќе биде овозможено преку емаил адресата: info@jpacademy.gov.mk, најдоцна до 18 октомври 2024 година
За повеќе информации кликнете тука.