
Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на 130 слушатели во IX генерација на почетна обука,
Ве известуваме дека на ден 16.11.2023 година, по добиениот извештај од Комисијата на психолози која го спроведува тестот за интегритет, Приемната Комисија одржа седница на која присуствуваше и психолог од институцијата која го спроведува полагањето на тестот за интегритет. На седницата, Комисијата ги констатираше резултатите од поднесениот Извештај и утврди дека од 319 (триста и деветнаесет) кандидати кои имаа право да го полагаат тестот за интегритет, 318 (триста и осумнаесет) кандидати полагаа, а 1 (еден) кандидат не се појави на тестирањето. Од кандидатите кои полагаа, 299 (двесте деведесет и девет) кандидати добија оценка „задоволува” и се стекнаа со право да го полагаат квалификацискиот тест, а 19 кандидати добија оценка „не задоволува”. Во прилог се резултатите од тестот за интегритет.
Воедно, на седницата Комисијата одлучи во наредниот период да одржи нова седница на која ќе се утврдат точните термини на полагање на квалификацискиот тест. Ве замолуваме, да ја следите веб страницата на Академијата каде што ќе бидете навремено информирани за сите новости во врска со приемниот испит.