
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со ИПА проектот: „Владеење на правото во Република Северна Македонија со поддршка на ЕУ“ организираат работилница на тема: „Информираност за сајбер хигиена“, која ќе се одржи на 26 декември 2023 година (вторник), во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 09:00 часот.
Работилницата е наменета за обука на информатичарите од Врховниот суд на РСМ, Вишиот управен суд, Управениот суд, Апелациониот суд Скопје, Основниот кривичен суд Скопје, Основниот граѓански суд Скопје и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во рамките на програмата „обука за обучувачи“.
Целта на оваа работилница е овие лица подоцна да можат да ги обучат сите вработени во судовите и јавните обвинителства за оваа исклучително безбедносна важна проблематика.
Работилницита ќе ја спроведе г-н Кирил Ќироски, експерт за ИКТ од ИПА Проект: „Владеење на правото“.
За дополнтелни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е маил адреса:
Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.