ПРЕДАВАЊЕ ЗА КЛИМАТСКИТЕ СПОРОВИ ПРЕД ДРЖАВНИОТ СОВЕТ НА ФРАНЦИЈА ЗА СЛУШАТЕЛИТЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ПОЧЕТНА ОБУКА ВО АКАДЕМИЈАТА

IMG-4b3b2cac0ec5744d6cad96c52a5fb172-V

Денес (27 септември 2022 година) во просториите на „Europe House’’, Скопје, во рамки на соработката помеѓу Академијата и Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија, се одржа предавање за климатските спорови пред Државниот совет на Франција наменето за слушателите на програмата за почетна обука во Академијата.

Предавањето го одржа францускиот експерт Ив Гунен, државен советник и делегат за меѓународни релации, а настанот со поздравно обраќање до присутните го отворија директорот на Францускиот институт, Иго Бештел и  директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска.

Во своето поздравно обраќање директорката на Академијата го истакна значењето на денешната тема, која преставува еден од врвните приоритети во ЕУ, но и пошироко, а тоа е секако заштитата на животната средина, со тоа и на климатските спорови. Според неа, заштитата на животната средина е глобален предизвик кој претставува причина за се почести собири на експерти ширум светот кои се обидуваат да ги изнајдат најдобрите механизми со кои ќе се заштитат човековото здравје и околината во која живееме. Потребна е широка и континурана соработка помеѓу сите општествени чинители со цел да се соочиме на соодветен начин со овој предизвик. Потребна е законодавна рамка која ќе ги гарантира уставно загарантираните права на луѓето да живаат во здрава средина. За да биде сето ова успешно, потребни се правни алатки кои ќе бидат имплементирани на начин кој ќе носи видливи резултати и од тие причини, директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, изрази надеж дека споделените француските искуства ќе имаат значаен придонес во подигнувањето на свеста кај идните судии и јавните обвинители во однос на овие прашања.

Глобалните и европските трендови по однос на темата, како и искуствата на Франција во однос на борбата против климатските промени ја презентираше францускиот експерт, која истакна дека „Постојат многу патишта, милитантни, политички или законски – сите несовршени – по кои може да се примораат државите да дејствуваат: еден од нив се судските постапки кои НВО, граѓаните и здруженијата од неодамна започнаа да ги истражуваат. Така, од почетокот на 2000-те години беа отворени бројни климатски постапки ширум светот; во последните години бројот се има зголемено, особено во Европа, по потпишувањето на Парискиот договор.

Оваа „правосудизација на климата“ го придружува поопштото движење на децентрализација на борбата против климатските промени, која веќе не се води само во меѓународната арена, туку сѐ повеќе и на локално и државно ниво. Меѓународните договори се скапоцени и со сигурност неопходни за решавање на проблем од глобална природа. Но бидејќи во моментов недостасува светска еколошка правда, законските решенија се бараат пред националните судови или, кога е засегната Европа, регионалните, како што е Европскиот суд на правдата и Европскиот суд за човекови права.

Во овој контекст, националните правосудни системи се наоѓаат на некој начин ставени во конкуренција. Тужителите ја удвојуваат креативноста за да ги прилагодат своите аргументи на процедуралните и културните специфики на судствата, кои од своја страна посветуваат најголемо внимание на дејствата на нивните странски еквиваленти. Стимулирани од смелоста, понекогаш утешени од претпазливоста, тие особено набљудуваат како овие други судии ги надминуваат – или не – пречките кои се инхерентни за климатските спорови. Бидејќи борбата против климатските промени ги става на тест системите на институции во нашите демократии кои, секоја со сопствените ограничувања, напипуваат за да најдат решенија кои не само што се приклонуваат кон препораките од научниците, туку се исто така прифатливи и за населението.

Денешното предавање претставува дел од низата активности кои се предвидени со новиот меморандум за соработка кој беше потпишан од страна на директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска и Н.Е. Сирил Бомгартнер, амабасадор на Република Франција во Република Северна Македонија, а чија цел е јакнење на правосудството во Северна Македонија.