ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ АГЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, АКАДЕМИЈА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ, МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА МЛАДИ ПРАВНИЦИ И ЦПИА

DSC_0310-1536x1024

Претседателката на Центарот за правни истражувања и анализи, Лидија Стојкова-Зафировска, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, директорот на Агенцијата за заштита на лични податоци, Имер Алиу и претседателката на Македонското здружение на млади правници, Александра Цветановска потпишаа меморандум за соработка за успешна имплементација на проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот”.

Со меморандумот се предвидува зајакнување на соработката помеѓу страните во интерес на постигнување на целите на проектот, а ќе биде реализирана преку размена на информации, учество во проектните иницијативи и поддршка при имплементација на проектните активности.

Проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот” е двогодишен проект финансиски поддржан од Европската унија, а имплементиран од ЦПИА и МЗМП. Цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на судството и јавното обвинителство во ефикасна заштита на приватноста на граѓаните, како и другите права и основни слободи засегнати од новите технологии во онлајн просторот во согласност со правото и стандардите на ЕУ.

Повеке на следниот линк:https://cpia.mk/mk/%d0%bf%d0%be%d1%82%d0%bf%d0%b8%d1%88%d0%b0%d0%bd-%d0%bc%d0%b5%d0%bc%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d1%83%d0%bc-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%bc-2/