ОСНОВНА ОБУКА ЗА МРЕЖИ

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со ИПА проектот: „Владеење на правото во Република Северна Македонија со поддршка на ЕУ“ организираат „Основна обука за мрежи“, која ќе се одржи на 23 септември 2024 година (понеделник), во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, со почеток од 11:30 до 15:30 часот.

                Обуката е наменета за обука на информатичарите од Врховен суд на РСМ, Апелационен суд Скопје, Основен кривичен суд Скопје, Основен граѓански суд Скопје, Основен суд Неготино, Основен суд Гевгелија, Основен суд Кратово, Основен суд Крива Паланка, Основен суд Велес, Основен суд Куманово, Вишо јавно обвинителство Битола и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Целта на обуката е да им се овозможи на ИТ лицата од сите судови и јавни обвинителства да ги сфатат принципите на мрежите, мрежните протоколи и мрежните уреди.

Работилницита ќе ја спроведе г-н Кирил Ќироски, експерт за ИКТ од ИПА Проект: „Владеење на правото“.

За дополнтелни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е маил адреса:

Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.