
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира онлајн советување на тема: „Улогата на јавниот обвинител во организација на работата на јавното обвинителство / Управување со предмети во јавните обвинителства“, кое ќе се одржи на 31 октомври 2022 година (понеделник), на ЗООМ платформата, со почеток од 11:00 часот.
Советувањето е наменето за јавните обвинители на Јавните обвинителства и членови на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-н Ристо Бојаџиски, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Штип и г-н Бесир Алиу, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Тетово.
За дополнителни информации поврзани со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академија, задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.