
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема ,,Улогата на финансискиот криминал во современите општества и меѓународна соработка во обезбедување на докази“, кое ќе се одржи на 14 октомври (петок) 2022 година, преку платформата ZOOM.
Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-ѓа Катерина Коларевиќ, јавен обвинител во ОЈО за гонење криминал и корупција и д-р Марија Ѓошева-Крстески, началник на Одделение за истраги за компјутерски криминал/МВР.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на советувањето на е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.
Агенада согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работни Материјали: