Онлајн обука за родова рамноправност

slika naslovna

AIRE Центарот има креирано онлајн обука за родовата рамноправност со поддршка на Владата на Обединeтото кралство која е наменета за носителите на правосудните функции.

Онлајн обуката можат да ја следат: судии/судијки обвинител(к)и, полициски службеници/чки, службеници/чки на центрите за социјална работа, студент(к)и на правните факултети, претставници/чки на медиумите и сите други заинтересирани лица.

Обуката е достапна на сите јазици од говорното подрачје на Западниот Балкан.

Цел на обуката:

  • Унапредување на родовата рамноправност преку запознавање на учесниците/чките со основните поими на родовата рамноправност, како што се дефинирањето и објаснувањето на поимите на родовите улоги, родовите идентитети, сексуалната ориентација и разграничувањето помеѓу овие поими.
  • Борбата против родовите предрасуди и стереотипи кои отворено се манифестираат во судниците ширум Западниот Балкан, развивање на свест за прашањата на родовата рамноправност и улогата на правосудството.
  • Овозможување на продлабочено разбирање на концептот на родовата рамноправност, причините поради кои родовата рамноправност е важна тема, односно како овој принцип се остварува во пракса и до какви последици доведува.
  • Разграничување на поимите дискриминација, сексуално вознемирување и мобинг.

Регистрација

Регистрација може да направите на веб-страницата на AIRE Центарот https://edu.airewb.org/, при што ќе креирате свој профил на платформата.

Напомена: Сите судии и јавни обвинители, судските и јавнообвинителски службеници кои успешно ќе ја завршат обуката и ќе добијат Сертификат за помината обука, истиот да го достават во АСЈО со цел да им се евидентира ден-обука.

За повеќе инфорации погледнете го флаерот на следниот линк:

gender-flyer-online-trening-mkd