ОБУКА на тема: „Работа во писарници, преместување и наплата на судска постапка и запечатување и чување на тестаменти“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира обука на тема: „Работа во писарници, преместување и наплата на судска постапка и запечатување и чување на тестаменти“, кое ќе се одржи на 23 ноември 2023 година (четврток) во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.

Обуката е наменета за судските службеници од граѓански оддели од сите судови во РСМ.

Обуката ќе ја спроведат г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес и м-р Борче Мирчески, судски администратор во Основен суд Охрид.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.