
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира обука на тема: „Примена на АКМИС системот“, кое ќе се одржи на 20 мај 2024 година (понеделник) во просториите на Основниот суд Гостивар, со почеток од 10:00 часот.
Обуката е наменета за судските службеници од апелационо подрачје Гостивар.
Обуката ќе ја спроведат г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес и м-р Борче Мирчески, судски администратор во Основен суд Охрид.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.
Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.
Работните материјали кои ќе се користата во рамки на обуката можете да ги преземете тука.