ОБУКА на тема: „Изготвување на завршна сметка“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира обука на тема: „Изготвување на завршна сметка“ кое ќе се одржи на 23 февруари 2024 година (петок), во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.

Обуката е наменета за судски службеници кои се вклучени во изготвување на завршна сметка.

Обуката ќе ја спроведат г-а Силвија Јаневска од Судски буџетски совет и г-н Зоран Јовановски од Виш Управен суд.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.