
Академијата за судии и јавни обвинители во рамки на соработката со Центарот за правни истражувања и анализи организира две обуки за обучување на новоизбраните судии на тема: „Улогата и потребните вештини на туторите на новоизбрани и унапредени судии“, која ќе реализира во следните терминаи: 06 ноември 2023 и 13 ноември 2023 година. Обуките ќе се одржат во просториите на Академијата со почеток во 09:30 часот и истите ќе ги спроведат национални претседатели на судови, судии и адвокати. Воведно обраќање и презентација на проектот ќе има Никола Јовановски, проектен менаџер, ЦПИА.
Имено, Центарот за правни истражувања и анализи во рамки на проектот ,,Унапредување на квалитетот и одговорноста во Македонскиот правосуден сектор” спроведе обука за обучување на тутори за новоизбраните и унапредени судии во основните, апелационите управните судови и Врховниот суд на Република Северна Македонија. Таканаречената програма на обука за тутори беше спроведена на 24 и 25 септември 2022 година од страна на Холандскиот судија и претседател на судот во Зволе, Холандија г-дин Берт Ман и специјалистот за обука на судии, Марина Наумовска-Милевска. На обуката беа обучени 18 судии од сите апелациона подрачја во Република Северна Македонија, по што истите предвидено е нивните стекнати теоретски и практични знаења да ги пренесат на што повеќе новоизбрани судии на еднодневна обука со цел истите да бидат запознаени со концептот и можноста која туторството ја нуди, особено во почетоците на нивната кариера.
Проектот ,,Унапредување на квалитетот и одговорноста на Македонскиот правосуден сектор” е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.
Агендите согласно кои ќе се одвиваат обуките можете да ги преземете на следните линкови: