
Мисијата на ОБСЕ во Скопје го подржа развојот на трите креативни алатки во врска со извршувањето на пресудите на Европскиот Суд за Човекови Права: 1) Преглед на механизмите на извршување (позадина и функционирањето на механизмите на меѓународното и домашното ниво; 2)Анализа на фокусирање на општите мерки на извршување кои што произлегуваат од случаевите против Северна Македонија; и 3) прирачник за поединечните мерки (повторување на судските постапки после донесување на пресудите на ЕСЧП).
Со цел, овие алатки да бидат повеќе достапни, корисни и да ги зајакнат вештините на идните судии и јавни обвинители, Мисијата на ОБСЕ во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители во месец јуни 2023 година организира три еднодневни обуки за сите 97 слушатели на осмата генерација кои ја следат почетната обука.
Во насока на обезедување поголем квалитет на обуките слушателите ќе бидат поделни во групи и истите ќе ја следат обуката на следните датуми:
- Прва група на 20 јуни 2023 година
- Втора група на 21 јуни 2023 година
- Трета група на 22 јуни 2023 година
Сите обуки ќе се одржат во хотел Александар Палас, Скопје.
Пограмата согласно која ќе се одвиваат обуките можете да ја преземете на следниот линк:
На следните линкови можете да ги преземете и публикациите кои се издадени од страна на Мисијата на ОБСЕ во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, а се однесуваат не темата на обуката:
- Извршување на пресудите на ЕСЧП –механизмот при Совет на Европа и националниот институционален контекст – МКД
- Извршување на пресудите на ЕСЧП –механизмот при Совет на Европа и националниот институционален контекст – АЛБ
- Пораките од Стразбур за Скопје-патоказ за општите мерки за извршување на ЕСЧП во предметите од Северна Македонија- МКД
- Пораките од Стразбур за Скопје-патоказ за општите мерки за извршување на ЕСЧП во предметите од Северна Македонија- АЛБ
- Поединечните мерки за извршување на пресудите на ЕСЧП како индивидуализација на извршувањето со посебен осврт на повторувањето на постапки-МКД
- Поединечните мерки за извршување на пресудите на ЕСЧП како индивидуализација на извршувањето со посебен осврт на повторувањето на постапки-АЛБ