ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОДРЖАНА 217 СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

asjo_news_featured

На ден 22.08.2024 година Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители ја одржа својата итна 217-та седница, online, преку ЗООМ платформата, на која:

  1. Беше усвоен записникот од 216-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители;
  2. Заменикот на директорот на Академијата, судија м-р Илир Исени ги запозна членовите на Управниот одбор со предлог буџетот на Академијата за судии и јавни обвинители за 2025 година;
  3. Заменикот на директорот на Академијата, судија м-р Илир Исени ги запозна членовите на Управниот одбор дека на ден 21.08.2024 година во Академијата пристигна финансиската согласност за избор на директор на Академијата, по што од страна на Управниот одбор беше утврдена содржината на јавниот оглас за избор на директор на Академијата за судии и јавни обвинители и беа дадени насоки истиот да биде објавен согласно одредбите од Законот за Академија за судии и јавни обвинители (,,Службен весник на РСМ’’ број 129/2023 и 53/2024).