
Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на 216-та седница одржана на ден 19.07.2024 година (петок) расправаше и одлучи за следното:
- 1. Усвоен е записникот од 215-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители,
- Донесена е Одлука за распишување на јавен оглас за избор на директор на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и
- Донесен е Заклучок по однос на Иницијативата за поведување постапка за утврдување одговорност доставена од Државната комисија за спречување на корупција број 03-160/16 од 23.5.2024 година.